Екипата на Барселона ја продолжува традицијата и ќе настапи и оваа сезона на завршниот турнир од Копа дел Реј.
Во клучниот натпревар, „каталонците“ го совладаа Билбао со 97-84 и го освоија осмото место на табелата, последно кое води во Гран Канарија каде ќе се одржи шпанскиот Куп, од 13 до 16 февруари. Од голема помош за Барса беше пладневниот пораз на Сарагоса од Гранада по што беше јасно дека ќе ѝ треба каков било триумф против Билбао.
Ждрепката за Копа дел Реј ќе се одржи во вторник во Гран Канарија, а можно е да има Ел Класико уште во четвртфиналето. Во групата на носители се Валенсија, Реал, Уникаха и Тенерифе, а во вториот шешир се наоѓаат Хувентут, Манреса, Гран Канарија и Барселона.


