Најголемите ривали во шпанската кошарка Барселона и Реал не можат да играат меѓу себе до финалето од Копа дел Реј кој е на програмата кон средината на февруари.
Денешната ждрепка одлучи двата тима да бидат на различни страни со тоа што Барселона е во делот кај бранителот на трофејот и лидер на табелата Уникаха, додека Реал е со Валесија која беше на првото место до претходниот викенд кога загуби токму од Уникаха.

Во четвртфиналето, „каталонците“ ќе се сретнат со екипата на Тенерифе, додека Реал за противник ја доби Манреса. Копа дел Реј ќе се игра од 13 до 16 февруари во Гран Канарија.


