Српскиот и АБА шампион Црвена Звезда направи голем чекор назад во борбата за пласман во разигрувањето за титулата во Евролигата откако вечерва загуби од Макаби со 73-85.
Поразот дополнително добива на значење ако се знае дека е претрпен во салата Пионир во српслата престлонина кој природно е домашен терен за „црвено-белите“ и каде минатата сезона белградскиот тим ги играше натпреварите на домашен терен во Евролигата. Уште минатиот месец овој меч беше заокружен како „добиен“ од аналитичарите и приврзаниците на Црвена Звезда. Меѓу другото и поради тоа што Макаби пред овој меч се наоѓаше во серија од четири порази.
Во практика тоа не се оствари затоа што АБА шампионот одигра еден од своите најлоши натпревари сезонава. Петрушев и Теодосиќ останаа осамени во борбата со противничките кошаркари, а клучна се покажа втората четвртина која Макаби ја доби со 23-12.
Звезда со овој пораз падна на седмата позиција на табелата во Евролигата, со можност пласманот дополнително да биде вложен, во зависност од резултатите на ривалите. Макаби, пак и покрај триумфот останува претпоследен со само шест победи оваа сезона.


