Поранешниот кошаркар на Атланта, Бостон, Хјустон и Торонто, Бруно Фернандо од денеска официјално е играч на 11-кратниот европски првак Реал Мадрид.
Тој доаѓа во „кралскиот клуб“ да ја засили центарската позиција и покрај тоа што Реал под кошевите ги има Валтер Таварес и Серж Ибака, исклучително доминантни центри со НБА искуство. Фернандо потпиша договор на 18 месеци и е второ зимски засилување за Реал, по Денис Смит кој се уште не дебитирал и покрај тоа што дојде пред десетина дена.
Фернандо е репрезентативец на Ангола, има 26 години, а во НБА лигата одигра 220 натпревари, но со безначаен ефект од 4 поени по меч.


