Утре во Белград се игра второто евролигашко, вкупно трето „вечно“ дерби оваа сезона, меѓу екипите на Партизан и Црвена Звезда.
„Црно-белите“ првпат се во улога на домаќини, но се соочуваат со проблеми во играчкиот кадар пред овој натпревар кој е од исклучително значење за конечниот пласман во Евролигата. Покрај повредените Вања Маринковиќ и Френк Нтиликина кои многу веројатно ќе го пропуштат мечот, неизвесен е и настапот на Митар Бошњаковиќ и Алексеј Покушевски кои не тренирале денеска.
„Покушевски и Бошњаковиќ се болни и не присуствуваа на тренингот. Ќе видиме далиу некој од нив двајца ќе биде во состојба да биде во екипата и да помогне“, изјави тренерот Жељко Обрадовиќ.
Добра вест за Партизан е враќањето на Тајрик Џонс кој не играше против Цибона поради мала повреда. Што се однесува до Црвена Звезда, најголем проблем пред дербито е состојбата на Мајк Даум кој и натаму е повреден, додека Сферопулос уште се мисли дали ќе ги вклучи Бранко Лазиќ и Милош Теодосиќ.


