Претседателот на АБА, Горан Ќакиќ денеска објави дека шампионот на регионалното натпреварување идната сезона ќе учествува во Евролигата.
Клубовите од овој дел на Европа немаат А-лиценци и во континенталната лига учествуваат со специјални покани, а исклучок нема да биде претстојната сезона, без разлика што ќе се случува со екипите од Русија кои би можеле да се вратат во Евролигата по пауза од три години.
„Официјално е дека шампионот на АБА оди во Евролигата и идната сезона. АБА се игра за трофеј, се произведуваат кошаркари кои учествуваат во репрезентациите и таа донесе многу добри работи за домашната кошарка. АБА е исплатлива, финансиски добро покриена, клубовите немаат дополнителни трошоци… тоа го нема во ниедна друга лига“, изјави Ќакиќ.
Засега не е јасно што ќе се случува со финалистот во регионалното натпреварување имајќи предвид дека претходните три сезони и тој добиваше специјална покана за учество во Евролигата.


