Хрватскиот репрезентативец Марио Хезоња не го дочека крајот на натпреварот против Монако затоа што беше исклучен на нешто помалку од седум минути до крајот.
Незадоволен од една одлука на судијата Ана Пантер, тој тотално ги загуби нервите и тргна да се расправа со арбитрите. Му беше покажана техничка грешка, втор на мечот, по што збесна и сакаше и физички да се пресмета со делителите на правдата. Мораа да се вмешаат соиграчите за да го смират и да го спречат да си направи поголем проблем.
Mario Hezonja furious… and ejected during the last Quarter of AS Monaco – Real Madrid 😳
— Matteo Andreani (@matty_vanpersie) January 31, 2025
Интересно е тоа што ова е втор ваков случај со Хезоња оваа сезона на дуелите со Монако. За време на подготовките, на пријателскиот меч против истиот ривал, Хрватот исто така не го дочека крајот бидејќи имаше жесток дуел со судиите по што беше исклучен.
Што се однесува до денешниот натпревар, Монако победи со 77-73 и се задржа на третото место на табелата во Евролигата


