Грчкиот вицешампион Олимпијакос го уништи Баерн со 112-69, а натпреварот во Пиреја помина во знакот на бугарскиот репрезентативец Александар Везенков.
Крилниот играч на Олимпијакос имаше неверојатна вечер во која постави четири лични рекорди и два на неговиот клуб. Натпреварот го заврши со 45 поени со шут за два 10/10 и за три 8/10 за индекс 52. Бројот на поени и остварениот индекс се највисоки во неговата кариера во Евролигата, исто како и процент на уфрлени шутеви за два и три поени.
Што се однесува до клупските рекорди, од вечерва тој е најефикасен играч во историјата на Олимпијакос на еден натпревар од Евролигата и исто така оствари највисок индекс на еден кошаркар на грчкиот гигант.
Малку недостасуваше Везенков да ги собори и рекордите на Евролигата. Застана на третото место по бројот на постигнати поени, зад Најџел Хејс Дејвис (50) и Шејн Ларкин (49) и има петти највисок индекс во историјата, зад Танока Берд (63), Дејан Милојевиќ и Лака Јаковиќ (по 55) и Марко Поповиќ (54). Можеби ќе падне тие рекорди ако тренерот Барцокас имаше повеќе чувство и не го повлечеше од игра на 2:22 минути пред крајот на натпреварот.
За своето издание, Везенков беше испратен од навивачите со скандирања „МВП, МВП“, а Олимпијакос од вечерва е лидер на табелата во Евролигата.
РЕЗУЛТАТИ
Анадолу Ефес – Асвел 76-82
Жалгирис – Реал 64-83
Црвена Звезда – Париз 85-69
Олимпијакос – Баерн 112-69
Виртус – Басконија 76-74


