Одлуката на Анадолу Ефес да го назначи Лука Банки за нов тренер на местото на Томислав Мијатовиќ беше прифатено како големо изненадување имајќи предвид дека хрватскиот стручњак добро го познава тимот затоа што 15 години е на клупата.
За многумина беше чуден и моментот на промената, а уште почудно станува ако се знае дека Банки не бил прва желба на менаџментот на клубот. Како и минатото лето, челниците се обиделе да го донесат Чави Пасквал, но каталонскиот стручњак не добил дозвола од Зенит чиј тренер е последните години и со кого има важечки договор.
Пасквал е желба и за идната сезона, но повторно ќе се прашува Зенит иако по завршувањето на оваа кампања ќе бидат поголеми шансите тој да добие дозвола за заминување. Банки има договор до крајот на сезоната со опција тој да биде продолжен на уште една година. Клаузулата би се активирала ако тој освои титула во турското првенство и(ли) Евролигата или ако Пасквал уште еднаш ја одбие понудата.


