Екипата на Барселона оствари витална победа на гостувањето кај Гран Канарија со која си ги зголеми шансите за пласман на Копа дел Реј.
„Каталонците“ славеа со 77-74 и на коло пред крајот на првата полуетапа од првенството се најдоа на осмото место, со можност сами да решаваат за својата судбина. Во клучното, 17. коло, Барса го пречекува Билбао и со евентуален триумф сигурно ќе биде во топ-8 со тоа што во случај на пораз на Манреса, може да дојде и до осмата позиција.
Барселона може да биде осма и со пораз, но важно е да загубат и останатите ривали, особено Сарагоса. Интересно е тоа што Барса ќе го знае исходот на мечот на својот ривал затоа што својот меч против Билбао ќе го игра в недела од 17 часот, а Сарагоса се среќава со Гранада истиот ден од 12:30.
Голема е веројатноста Басконија втора сезона по ред да не биде дел од Копа дел Реј затоа што денеска доживеа дебакл од Жирона со 67-79 и во следното коло ѝ се потребни порази на Барселона, Сарагоса и Мурсија за да дојде до осмото место.


