Олимпијакос имаше шанса вечерва да му избега на Фенербахче на три победи, но на домашен терен загуби од турскиот тим со 77-87.
Грчкиот вицешампион пред овој меч беше во серија од седум победи во Евролигата, но по поразот од Панатинаикос во домашното првенство во понеделникот, загуби и од Фенер кој со ова се врати во борба за првото место. Разликата меѓу нив е една победа, но мора да се знае дека Турците имаат еден натпревар помалку, одложениот против Париз од минатиот месец.
По добрата игра на Олимпијакос во првата четвртина, Фенербахче ги доби следните две со 52-38 и тука ја стекна клучната предност. Во последниот период предноста на гостите отиде иа на +14, Олимпијакос за момент се врати на пет поени негатива, но не успеа да го комплетира пресвртот.
Во останатите два натпревара од денешната програма, Асвел ја совлада Барселона со 100-94 и остана во игра за пласман во плејинот, додека Баерн се израмни со Реал, Барселона и Црвена Звезда со биланс 13/10, на делба од шестото до деветтото место.
РЕЗУЛТАТИ
Алба – Баерн 84-99
Асвел – Барселона 100-94
Олимпијакос – Фенербахче 77-87


