Ѕвездата на Монако, Мајк Џејмс испиша нови страници во евролигашката кошарка откако вечерва стана прв кошаркар во елитното натпреварување со над 5.000 поени.
Пред мечот против Басконија, Американецот имаше 4.989 поени, а успеа да постигне 19 и во моментов има 5.008. На патот до ова достигнување, Џејмс стигна преку екипите на Басконија (467 поени), Панатинаикос (522), Олимпија Милано (595), ЦСКА (1.112) и Монако (2.293). Кошот за историја го постигна од линијата за слободни фрлања на нешто повеќе од шест минути пред крајот на третата четвртина.
5️⃣.0️⃣0️⃣0️⃣ PUNTOS
👑 Con este tiro libre, Mike James se ha convertido en el primer jugador que alcanza la histórica cifra en la Euroliga
pic.twitter.com/jH9vtZMyTr— Gigantes del Basket (@GIGANTESbasket) February 5, 2025
Од минатата сезона тој е најдобар стрелец во историјата на Евролигата, а интересно е тоа што во кариерата само еднаш беше прв кошгетер во Евролигата, во 2019 година.
Вечерва Монако ја победи Басконија со 92-85 за седма победа по ред во Евролигата со што го продолжи притисокот врз лидерот Олимпијакос.


