Селекторот на српската репрезентација Светислав Пешиќ би можел повторно да ја преземе Барселона, тврдат денеска извори од Шпанија.
Во текот на денов, искусниот стручњак имал долг состанок со раководството на клубот, но очигледно и таму има фракции и незадоволни страни во врска со оваа идеја.
„Челниците на Барселона денеска имаа средба со Светислав Пешиќ, меѓутоа на неа не присуствуваа ни Хуан Карлос Наваро, ни Бруно Фернандес“, пишуваат во Шпанија.
Од клубот уште нема официјална информација за средбата со Пешиќ и со каква цел била таа. Жоан Пењароја се уште е тренер на тимот и покрај тоа што Барселона бележи очајни резултати, се наоѓа на деветтото место во АЦБ лигата и ѝ виси пласманот во Копа дел Реј каде учествуваат првите девет екипи на табелата по 17 кола.
Пешиќ веќе во два наврата беше тренер на Барселона, од 2002 до 2004 и од 2018 до 2020 година и со овој клуб освои две титула во АЦБ лигата, три во Копа дел Реј и една во Евролигата.


