Откако завчера загуби од Барселона, актуелниот европски шампион Панатинаикос денеска доживеа пораз и од Басконија во вториот меч од мини шпанската турнеја во Евролигата.
Во едно од најслабите изданија оваа земја, ПАО беше поразен со 91-77 и се враќа дома со лоши впечатоци од Шпанија. Басконија се наоѓа на 15. место на табелата поради што оваа победа е големо изненадување во елитното кошаркарско натпреварување.
Шпанскиот тим, кој оваа сезона бележи катастрофални резултати и во Евролигата и во домашното првенство, речиси цел натпревар беше во водство, со исклучок на средината од третата четвртина кога ПАО накратко поведе со 53-51. За разлика од дуелот со Барселона во средата, сега Ергин Атаман го призна поразот и рече дека тој е резултат на големиот број направени грешки. Кај Панатинаикос повторно потфрли Кендрик Нан кој втор натпревар по ред остана на само седум постигнати поени.
Триумфот не ѝ донесе на Басконија прогрес на табелата иако ѝ ги одржа теоретските шанси за пласман барем во плејин, додека Панатинаикос влезе меѓу четирите екипи кои се со биланс 13/9, на делба од четвртата до седмата позиција.
РЕЗУЛТАТИ
Фенербахче – Жалгирис 98-86
Црвена Звезда – Монако 88-82
Басконија – Панатинаикос 91-77
Баерн – Виртус 72-82
Барселона – Анадолу Ефес 90-80


