Најтрофејните клубови во италијанската кошарка Олимпија Милано и Виртус ќе се сретнат уште во четвртфиналето од Купот на Италија кој ќе се одржи од 12 до 16 февруари во Торино.
Како и во повеќето земји низ Европа, во Купот на Италија пласман обезбедија најдобрите осум по првата полуетапа од првенството, а Виртус и Олимпија Милано ги освоија позициите 4 и 5 што им донесе уште еден меѓусебен дуел, покрај многуте оваа сезона во сите натпреварувања. Двете екипи сезонава веќе се сретнаа три пати и билансот е 2-1 за актуелниот италијански шампион.

Дуелите со Виртус му се во добро сеќавање и на македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ кој блесна во финалето од Суперкупот на Италија, на почетокот на сезоната и беше прогласен за МВП на ова натпреварување.


