Два дена по мечот против Панатинаикос во Атина, Партизан гостуваше во Чачак кај Борац и оствари релативно лесна победа, со 89-60.
Сепак, радоста по остварениот триумф ја помати повредата на уште еден играч во ростерот на белградскиот клуб. Во првото полувреме играта ја напушти Френк Нтиликина кој потоа повеќе не се врати ни на теренот, а ни на клупата.
Се уште не се знае дали неговата повреда е од потешка природа, но ако е така, тоа ќе биде уште еден голем проблем за Партизан кого го чека тешка недела со две гостувања во Евролигата, прво кај Асвел, а потоа кај Олимпија Милано.
Пред два дена тимот остана без Исак Бонга и Алексеј Покушевски кои не играа денеска против Борац, а од претходно повредени се капитенот Вања Маринковиќ и младиот Митар Бошњаковиќ со што дополнително се скрати ростерот на тимот.


