Партизан доживеа убедлив пораз на гостувањето кај Панатинаикос со што дополнително си ги намали шансите за пласман во плејинот од Евролигата.
Но, тоа не е единствениот проблем за тимот по враќањето од Атина бидејќи во текот на мечот се повредија двајца битни кошаркари, особено во делот на одбраната. Жељко Обрадовиќ остана без Исак Бонга и Алексеј Покушевски кои со мраз на рамото, односно ногата го дочекаа крајот на синоќешниот натпревар.
Денеска „црно-белите“ се враќаат во Белград по што двајцата кошаркари ќе имаат прегледи и точно ќе се утврди сериозноста на нивните повреди.


