Екипата на Олимпија Милано утре гостува во Истанбул кај Анадолу Ефес, но мечот ќе го пропушти најдобриот играч во тимот Никола Миротиќ.
Лекарските прегледи покажале дека поранешниот шпански репрезентативец има повреда на адукторот и ќе мора да паузира околу две недели. Тоа значи дека освен дуелот против Анадолу Ефес, ќе го пропушти и оној против Панатинаикос на 30 јануари.
Добра вест за Олимпија Милано е тоа што повредата на Зек Ледеј не е сериозна и тој, заедно со Леанрдо Болмаро ќе патуваат за Турција. Натпреварот ќе го пропушти и македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ кој има истегнување на задната ложа и неделава треба(ше) да почне со тренинзи.


