Реал Мадрид денеска официјално го претстави Денис Смит кој ги мина лекарските прегледи и потпиша до крајот на сезоната.
На своето претставување, американскиот плејмејкер, межу другото, зборуваше кој одиграл клучна улога да ја напушти НБА и да се пресели во најтрофејниот евролигашки клуб.
„Постојат две лица од кошарката кои многу ги почитувам и од кои слушнав убави зборови за Реал – Лука Дончиќ и тренерот на Бруклин, Жорди Родригес. Зборував со нив пред да донесам конечна одлука, Лука ми кажа многу убави работи за градот и за клубот, Жорди исто така и затоа не размислував многу пред да ја донесам конечната одлука. Едвај чекам да го видам Хезоња со кого имав одлични релации додека бевме соиграчи“, рече Смит.
Тој дојде во Европа по седум години поминати во НБА лигата, период во кој одигра вкупно 263 натпревари.


