Тома Ертел до крајот на оваа сезона ќе игра во шпанското првенство, но тимот во ќе настапува нема да биде Барселона.
Минатата недела каталонскиот клуб во последен момент го откачи Французинот кој се најде во немилост на навивачите, па искусниот плејмејкер мораше да се снаоѓа откако претходно си замина од Кина. Во недостиг на конкретни понуди од поголеми клубови, ја прифати онаа од последнопласираниот тим на табелата во шпанското првенство Ла Коруња која води грчевита борба за опстанок.
Не е исклучено престојот во Галиција кратко да трае бидејќи во договорот со Ла Коруња, Ертел има клаузула според која може да си замине ако добие понуда од евролигашки клуб.


