Екипата на Партизан остана во игра за пласман во плејинот откако вечерва ја оствари четвртата победа на гостински терен.
„Црно-белите“ му се одмаздија со камата на Асвел за поразот во Белград и го совладаа со 93-62 за своја највисока победа оваа сезона во Евролигата. Партизан излезе посилен од сите проблеми со повредени играчи со кои се соочи последните денови и го одигра можеби најдобриот натпревар, особено кога станува збор за одбраната.
Иако уште на стартот белградскиот тим направи висока предност и првата четвртина ја доби со 31-20, клучен беше третиот квартал кој им припадна на гостите со 29-9. Кошаркарите на Асвел тешко можеа да дојдат до чиста позиција за шут, а добрата одбрана му овозможи на Партизан лесни поени.
Тајрик Џонс беше најдобар поединец на мечот со 22 поена и индекс 30, додека единствениот играч со двоцифрен ефект кај Асвел беше Ажанса, со 14 поени.


