Екипата на Партизан го претрпе шестиот пораз во 13. меч на домашен терен во Евролигата откако синоќа загуби од најголемиот ривал Црвена Звезда.
Натпреварите на „црно-белите“ оваа сезона во просек ги следат над 19 илјади гледачи кои создаваат прекрасна атмосфера и затоа Партизан најчесто во центарот на вниманието на европската кошаркарска јавност. И покрај тоа, белградскиот тим загуби премногу дуели на домашен терен што на крајот може да се покаже клучно во борбата за пласман во пллјофот или плејинот. На таквата ситуација се осврна и поранешниот тренер на Црвена Звезда (меѓу другите клубови) Владе Ѓуровиќ во анализата на натпреварот.
„Синоќешниот натпревар не беше квалитетен, голема нервоа имаше кај домашните играчи. Видов како излегоа на теренот, слободни, скокаа, се смееја, но тоа беше страв. Над 20 илјади луѓе, Партизан ја има најдобрата публика во Европа, а подобро игра на гостински терен. Тоа значи дека навивачите ги прават нервозни играчите, веројатно не се навикнати да играат пред толкава публика. Звезда го доби натпреварот со тројца кошаркари: Петрушев, Боломбој и Мекинтаер. Особено очаен беше Калиниќ“, рече Ѓуровиќ.
Факт е дека голем дел од играчите на Партизан имаат големо кошаркарско искуство, дури и во НБА, но некои од нив воопшто не играле во Евролигата, ниту пак пред преполни трибини и пеколна атмосфера. Со оглед на тоа што на речиси сите ова им е прва година во клубот, потребно е време да се навикнат на вакви услови, но постои опасност токму поради тоа на Партизан да му пропадне сезонава. Синоќешното дерби беше прво во оваа натпреварувачка кампања на кое Партизан ја пречека Црвена Звезда и тоа веројатно дополнително влијаеше на нервозата кај „црно-белите“.

