Иако обременет со проблеми со повредени играчи, Партизан во период од два дена одигра два врвни натпревари и дојде до победи на две тешки гостувања.
Во вторникот го победи Асвел, а вечерва ја совлада Олимпија Милано, екипи кои во првата полусезона славеа во белградската Арена. Партизан славеше во Италија со 90-70 и си ги задржа шансите за пласман во разигрувањето од Евролигата, а што е најважно, победи со повисока разлика отколку што загуби од Олимпија Милано и ќе има предност во случај на исто биланс на крајот од сезоната.
Особено беше импресивно второто полувреме кое Партизан го доби со 53-30 и тука беше направена клучната разлика. Во последната четвртина Олимпија Милано успеа да постигне само 12 поени што е премалку за екипа која е преполна со ѕвезди.
Интересно е тоа што Партизан ги имаше тројцата најдобри стрелци на мечот: Стерлинг Браун со 26, Карлик Џонс со 24 и Тајрик Џонс со 22 поенa. Македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ повторно не беше во составот на Олимпија Милано.


