Селекторот на полската репрезентација Игор Миличиќ го скрати списокот на кошаркари на 15, пред дуелите во февруарскиот прозорец од квалификациите меѓу кои е и оној против Македонија во Скопје.
На списокот се ветераните во полскиот национален тим како Балчеровски од Уникаха, Понитка од Бахчешехир, Соколовски од Сасари итн., но има и релативно непознати имиња, со краток стаж во репрезентацијата. Интересно е тоа што Миличиќ избра тројца кошаркари кои настапуваат во екипите предводени од Јончевски и Василов, Шлонск и Арка. Од Шлонск, на списокот се наоѓа Даниел Голебјовски, а од Арка се Лукаш Коленда и Јакуб Шумерт.

Кои од овие кошаркари ќе се најдат во тимот против Македонија, ќе се знае по натпреварот меѓу Полска и Литванија кој е на програмата на 21 февруари во Катовице. Мечот меѓу Македонија и Полска е три дена подоцна во Кале.


