Актуелниот шпански шампион Реал Мадрид денеска треба официјално да потпише договор со американскиот плејмејкер Денис Смит.
Станува збор за кошаркар со седумгодишно НБА искуство, во екипите на Далас, Њујорк, Детроит, Портланд, Шарлот и Бруклин за кои одиграл вкупно 326 натпревари. Во 2017 година беше избран како деветти пик на драфтот, во првата сезона беше одличен, со 15,2 поена и 5,2 асистенции по натпревар и избран во втората најдобра дебитантска петорка, но како што одминуваше времето играше се полошо.
Dennis Smith jr has landed in Madrid. Via @karusito83 pic.twitter.com/RowwMC17jS
— Luca D'Alessandro (@DAlessandro_LU) January 15, 2025
Во Реал, Смит доаѓа како слободен играч и во обид да ја воскресне својата кариера. Шпанските медиуми објавија дека веќе пристигнал во Мадрид каде ќе ги помине лекарските прегледи и ќе стави потпис на договорот.


