Грчкиот стручњак Јанис Сферопулос и Кошаркарскиот клуб Црвена Звезда договориле продолжување на соработката и наскоро тоа ќе биде пренесено на хартија, тврдат медиумите во Србија.
Сферопулос го презеде белградскиот тим пред крајот на 2023 година кога го наследи Душко Ивановиќ, а ќе остане на клупата до 2027. Тоа е логичен след на настаните откако тој лани ја освои тројната круна, а оваа е на пат да ја однесе екипата и во плејофот од Евролигата.
Ако го одработи договорот до крај, Сферопулос ќе стане еден од најдолговечните тренери во историјата на Црвена Звезда. Ретко кој предводник на „црвено-белите“ останувал повеќе од две сезони на клупата, а подолг период екипата ја воделе само Небојша Поповиќ (1946-1957), Милан Бјегојевиќ (1960-1970), Ранкко Жеравица (1979-1986) и Дејан Радоњиќ (2013-2017 и 2020-2022). Има уште неколку тренери кои повеќе пати се враќале на кормилото на Звезда, но и покрај тоа немаат толку голем стаж како спомнатите.


