По низата повредени играчи, на Партизан му се случи уште еден малер и тоа пред двојната програма во Евролигата оваа недела.
Утре „црно-белите“ гостуваат кај Асвел, а в четврток кај Олимпија Милано, но на двата меча Жељко Обрадовиќ нема да може да смета ни на Двејн Вашингтон. Според информациите од Белград, Американецот има сипаници поради што го очекува долга пауза, можеби и од еден месец.
Од претходно во тимот ги нема Маринковиќ, Бошњаковиќ, Нтиликина, Бонга и Покушевски што ќе биде голем проблем за Партизан.


