Големото летно засилување за Олимпија Милано, Џош Нибо поминува низ вистински кошмар откако се пресели во Италија.
Сезонава одигра само шест натпревари за италијанскиот шампион, а денеска е објавено дека ќе мора да паузира уште најмалку четири месеци при што не е исклучено да не се врати на терените и до крајот на сезоната. Причина за тоа е повредата на рамото која Нибо ја доживеа на 20 декември против Баерн во Евролигата, а потоа беше утврдено дека мора да се лекува со традиционален метод кој бара долго време за рехабилитација.
Американецот и претходно беше повреден поради што не можеше да му помогне на својот тим иако од него многу се очекуваше на центарската позиција. Од шесте натпревари на кои настапи, два беа во италијанското првенство и четири во Евролигата.


