ЦСКА доживеа сензационален пораз од Ломомотив Кубан на домашен терен во 26. коло од ВТБ лигата, а натпреварот го одбележа инцидентот што го предизвика тренерот на московскиот тим Андреас Пистолис.
Лут од една судиска одлука, тој нервозно тргна да ги тепа судиите и да не се најдеше Алекса Аврамовиќ на неговиот пат, којзнае што ќе се случеше. Пистолис за својот потег беше исклучен, а ЦСКА загуби со 104-106 и ја прекина долгата серија победи.
Пистолис беше назначен за тренер на ЦСКА во април минатата година како наследник на македонскиот стручњак Емил Рајковиќ кој неколку дена претходно ја прекина соработката со клубот од Москва.


