Лука Дончиќ е повреден извесен период, па на натпреварите на Далас на домашен терен доаѓа само како гледач, како што беше тоа случај синоќа против Оклахома.
Сепак, пред овој натпревар ги изненади своите фанови бидејќи се појави во тренери на Црвена Звезда. Очигледно импресиониран од победата која неколку часа претходно белградскиот клуб ја оствари против Монако, Дончиќ и пред камера покажа за кого навива.
„Црвена Звезда. Задолжително објави го ова“, порача словенечкиот ас, на задоволство на навивачите на овој тим.
Тој никогаш не ги криел симпатиите кон Звезда, како ни кон Реал, но за разлика од мадридскиот клуб на чии натпревари присуствува кога има време, се уште не бил на меч во Белград како гледач.


