Секое гостување на Жељко Обрадовиќ во Атина е посебна приказна, но навивачите никогаш нема да му ги заборават годините поминати на клупата на Панатинаикос.
На неа беше 13 години, исто онолку колку што поминаа откако последен пат го водеше најуспешниот грчки тим и со него освои еден куп трофеи. Меѓу другото, пет од седумте титули на Панатинаикос во Евролигата се негово дело, па затоа со кого и да доаѓа, Обрадовиќ е пречекуван како бог во ОАКА.
HIM 😤
— Turkish Airlines EuroLeague (@EuroLeague) January 9, 2025
All eyes on the Boss as he enters the arena! pic.twitter.com/XgRqXMqWHb
Исклучок не беше ниту денешниот натпревар. При влегувањето на теренот, најтрофејниот европски стручњак предизвика бура од овации, а навивачите на ПАО долго го извикуваа неговото име.


