Екипата на Партизан оствари неверојатни две победи на гостувањата кај Асвел и Олимпија Милано и рано утринава се врати од турнејата на која замина во понеделникот.
Со триумфите изразени со вкупно 51 поен разлика, „црно-белите“ се вратија во игра за пласман во разигрувањето за титулата во Евролигата, на задоволство на нивните навивачи кои ги имаше во голем број во Лион и Милано. А, ги имаше во голем број и утринава во 4 часот наутро на аеродромот во Белград, при слетувањето на експедицијата на Партизан.
„Гробари“ направија спектакуларна атмосфера и им приредија прекрасен пречек на своите миленици и покрај тоа што Партизан се уште ништо не освоил и му претстои голема борба за остварување на својата цел.


