Тренерот на Партизан, Жељко Обрадовиќ имаше излив на бес и на синоќешниот натпревар против Виртус во Болоња.
Неговиот тим оствари значајна победа, но на почетокот од последната четвртина му дозволи на домаќинот да се доближи на само пет поени негатива и да ја загрози победата. Тоа го изнервира Обрадовиќ кој на еден тајм-таут можеше да се слушне како на еден од своите кошаркари му се заканува дека ќе му ја удри таблата од глава.
Pojačati zvuk: #kkp #kkcz pic.twitter.com/vyxEPn1r0K
— energetsko košarkaški tviter vampir (@kolincovkinson) February 5, 2025
Камерите не покажаа кон кого се упатени заканите, но Со оглед на тоа што зборуваше на српски јазик, веројатно станува збор за Покушевски или Лакиќ.


