Category: Младинска Кошарка
Хет трик на Феникс – ќе го организира и завршниот турнир во кадетска конкуренција
По М12 и М18, Кошаркарскиот клуб Феникс ја доби и организацијата на завршниот турнир во М16 лигата кој ќе се одржи претстојниот викенд. Покрај домаќинот, ќе учествуваат уште Водно Санс, Баскет Кам и МКК Куманово, а натпреварите ќе се играат на 3 и 4 јуни во СЦ „Јане Сандански“. Со овој турнир официјално завршува сезоната […]
Јуниорките први ги почнаа подготовките
Под водство на Јелена Антиќ и неговата прва асистентка Нена Трајчевска, македонската женска јуниорска репрезентација ги почна подготовките за Европското првенство Б-дивизија на кое ќе учествува кон крајот на јуни и почетокот на јули. Тоа е прва младинска селекција која почна да се подготвува заеднички, а претстојниот период ќе се соберат и останатите репрезентации. Во […]
Јуниорите на Вардар го освоија златото
М18 екипата на Вардар стигна до шампионската титула во својата категорија откако во финалниот меч го победи Водно Санс со 85-77. Драматичното финале беше решено во последните шест секунди кога од 62-67, „црвено-црните“ направија 23-10 и тој пресврт им го обезбеди трофејот. Претходно, тие доминираа во првото полувреме, но Водно Санс го сврте резултатот во […]
ВО ЖИВО: Вардар – Водно Санс
Денеска ќе биде познат и новиот шампион во јуниорска категорија, во машка конкуренција. Во финалето се среќаваат Вардар и Водно Санс, а нивниот дуел почнува од 20 часот.
Помладите пионерки на Патриот се нови шампионки
Екипата на Патриот од Делчево е нов државен првак во М12 лигата на Македонија во женска конкуренција. Помладите пионерки од Делчево беа најдобри на турнирот кој викендов се одржуваше во Скопје, во организација на Вардар. Во натпреварот кој им ги донесе златните медали, екипата на Патриот беше подобра од Баскет Кам 2011 од Македонска Каменица […]
(ВИДЕО) Моментите кога се повреди Јаничиќ и беше изнесен од теренот…
Еден од најголемите таленти во македонската кошарка Никола Јаничиќ е неизвесен за утрешното финале во јуниорска конкуренција бидејќи доживеа повреда во полуфиналниот дуел против Феникс, одигран вечерва. Плејмејкерот на Водно Санс мораше да го напушти теренот на безмалку 100 секунди пред крајот на мечот, во моменти кога победникот веќе беше познат, а неговиот тим водеше […]
Вардар и Водно Санс во борба за трофејот во јуниорска конкуренција
Екипата на Вардар и Водно Санс изборија пласман во финалето од М18 лигата откако во полуфиналните дуели остварија победи против Работнички и Феникс. Вардар во драматичен дуел го совлада бранителот на титулата Работнички со 78-73, пред се благодарение на двоецот Иванов-Луканоски кој одигра извонреден натпревар. Двајцата остварија дабл дабл, Иванов со 23 поени и 10 […]
Титулата кај помладите пионерки оди во Делчево или Македонска Каменица
Екипите на Баскет Кам од Македонска Каменица и Патриот од Делчево ќе играат во финалето на М12 лигата во женска конкуренција. До натпреварот кој ќе го даде државниот првак во најмалата возрасна категорија овие две екипи стигнаа на особено возбудлив и драматичен начин. Во првото полуфинале, девојчињата од Македонска Каменица имаа сигурно водство против Вардар, […]
ВО ЖИВО: Водно Санс – Феникс
Бурниот ден во младинските лиги го затвора вториот полуфинален дуел во М18 лигата. Се игра од 20 часот, а се среќаваат екипите на Водно Санс и Феникс.
ВО ЖИВО: Работнички – Вардар
Најинтересната завршница во младинските лиги за оваа сезона се игра викендов во „Јане Сандански“ каде ќе се одржи Ф4 во М18 лигата за мажи. Турнирот го отвораат Вардар и бранителот на титулата во оваа конкуренција Работнички, од 18 часот.