Предводникот на кошаркарската репрезентација на Македонија, Александар Јончевски денеска објави поширок список од 16 играчи пред клучните натпревари од квалификациите за Европското првенство, против Естонија и Полска.
На списокот се двајцата македонски кошаркари кои настапуваат во Евролигата, Ненад Димитријевиќ и Ти Џеј Шортс и ако двајцата навистина бидат во тимот, на Македонија ѝ се зголемуваат шансите за триумф на двата меча. Во составот го нема Дамјан Стојановски кој играше во ноемвриските дуели против Литванија. Неговиот брат Војдан е во комбинација и не се откажува од намера со настап на Европско првенство да ја заврши решрезентативната кариера.
Подготовките на репрезентацијата стартуваат на 17 февруари во 18 часот во СРЦ Кале, натпреварот против Естонија се игра на 21 февруари во Талин, а три дена подоцна во Скопје ја пречекуваме Полска.
За пласман на Европското првенство, на Македонија ѝ требаат две победи со тоа што против Естонија триумфот да биде изразен со повеќе од пет поени разлика. Во исто време, потребни се два пораза на естонската селекција која во последното коло гостува кај Литванија.
СПИСОК НА КОШАРКАРИ
Војдан Стојановски – МЗТ Скопје Аеродром
Андреј Магдевски – МЗТ Скопје Аеродром
Бојан Крстевски – МЗТ Скопје Аеродром
Андреј Маслинко – МЗТ Скопје Аеродром
Марин Петков – МЗТ Скопје Аеродром
Стојан Ѓуроски – Работнички
Дамјан Робев – Работнички
Виктор Ефремовски – Работнички
Андреј Шошкиќ – Работнички
Теодор Симиќ – Кожув
Страхил Николов – ТФТ Скопје
Ненад Димитријевиќ – Олимпија Милано
Лејсон Зеќири – Башкими
Андреј Јакимовски – Колорадо Бафалос
Итан Хап – Валенсија
Ти Џеј Шортс – Париз


