Селекторот на македонската кошаркарска репрезентација, Жосеп Марија Берокал го објави поширокиот список од 15 кошаркари на кои ќе смета за ноемврискиот ФИБА прозорец и претстојниот натпревар против Кипар.
На листата го нема Андреј Јакимовски, кој поради повреда нема да може да му помогне на националниот тим. Тој веќе еден месец е надвор од терените и не игра за Наполи и не е во можност да му помогне на националниот тим.
Македонија на 26 ноември во Скопје ќе ја пречека селекцијата на Кипар во рамките на второто коло од втората фаза на претквалификациите за Европското првенство во 2029 година.
Предводник на репрезентацијата и во овој циклус ќе биде Ненад Димитријевиќ, а дополнителна опција во рекетот ќе биде натурализираниот центар Мозес Рајт, чие присуство е најавено за дуелот со Кипар. Нашата репрезентација веќе има позитивен резултат против Австрија, откако на гостински терен славеше убедливо со 91-59.
Пресметката со Кипар има големо значење во борбата за првото место во групата, бидејќи само најдоброрангираната селекција ќе обезбеди пласман во следната фаза од квалификациите. Натпреварот Македонија – Кипар ќе се игра на 26 ноември, со почеток во 18 часот, во спортската сала „Лазар Лечиќ“ во Скопје. Подготовките почнуваат в понеделник од 11:30 часот, на истото место.
СПИСОК НА КОШАРКАРИ
Ненад Димитријевиќ
Виктор Ташовски
Виктор Ефремовски
Војдан Стојановски
Лука Стојаноски
Адем Мекиќ
Стојан Ѓуроски
Лејсон Зеќири
Валмир Какруки
Резарт Мемед
Тома Стојаноски
Андреј Маслинко
Петар Бошалески
Андреј Андоноски
Мозес Рајт
Селектор: Жосеп Марија Берокал


