На десетина дена пред почетокот на завршниот турнир во Берлин, Евролига ја објави идеалната петорка на сезоната во елитното натпреварување.
Изненадување е тоа што во неа има двајца кошаркари само од Панатинаикос иако грчкиот тим го освои второто место по основниот дел од сезоната. Место изборија Кендрик Нан и Матијас Лесор, додека останатите тројца се Факундо Кампацо од Реал, Мајк Џејмс од Монако и Најџел Хејс Дејвид од Фенербахче. Во гласањето, со по 25% учествуваа навивачи, новинари, тренерите и капитените на екипите.
Во втората петорка има двајца играчи од Реал, Марио Хезоња и Валтер Таварес и од Макаби, Вејд Болдвин и Лоренцо Браун, а петтиот член е Костас Слукас од Панатинаикос.


