Еуфоријата што се создаде кај навивачите на Панатинаикос со пласман на Ф4 од Евролигата придонесе за неверојатен интерес за сезонски билети за идната натпреварувачка кампања.
Иако оваа уште не е завршена, а до почетокот на новата има уште пет месеци, ПАО веќе ги продаде сите сезонски билети кои беа пуштени во продажба. Станува збор за 11.200 влезници кои беа продадени за неполн ден, односно за 20 часа.
Навивачите се убедени дека новата ера на Панатинаикос е веќе почната и дека следните години во европската кошарка ќе доминира атинскиот клуб. Може само да се замисли што ќе се случи ако екипата триумфира на завршниот турнир од Евролигата што ќе се одржи од 24 до 26 мај во Берлин.


