Екипите на Кемниц и Алба ќе играат одлучувачки петти натпревар за пласман во финалето од Бундеслигата откако тимот од Берлин денеска како гостин славеше со 96-85 и израмни на 2-2.
Кемниц пропушти шанса да дојде до уште еден историски резултат бидејќи повеќе од три четвртини се наоѓаше во водство, а највисоката предност ја имаше во третата четвртина кога водепе со 64-52. Алба успеа да го стигне тоа, а прашањето околу победникот го реши во последниот квартал по серијата од 14-0 со која поведе со 91-80.
Алба ќе биде домаќин на петтиот меч кој е на програмата в четврток, а победникот од тој дуел во финалето ќе се сретне со Баерн.


