Најтрофејниот македонски клуб Работнички е пред коммплетирање на ростерот откако договори уште двајца кошаркари за новата сезона.
Нови членови на тимот од Градски парк се босанскиот центар Имран Полутак и довчерашниот играч на МЗТ Скопје, Бојан Стојановски. Полутак е висок 209 сантиметри, доаѓа од унгарскиот прволигаш Осе Лајонс, а во својата кариера играл и во БиХ, Хрватска и Словенија. Стојановски има 19 години и е еден од големите таленти на македонската кошарка, а до минатата сезона настапуваше во вториот тим на МЗТ Скопје.
Работнички летово направи речиси целосна реконструкција на екипата и заедно со Полутак и Стојановски има осум нови кошаркари. Пред нив, во Градски парк дојдоа уште Весли Персон, Михаило Јовичиќ, Његош Сикираш, Дамјан Робев, Оливер Двојаковски и Амар Хот. Соработкката ја продолжи Андреј Шошкиќ, а под договор се само капитенот Виктор Ефремовски и Стојан Ѓуроски.


