Деветтото коло од Првата лига завршува со уште едно големо дерби, овојпат во Битола. Пелистер го пречекува лидерот Чаир во надеж дека ќе ја прекине лошата серија од четири порази во сите натпреварувања. Чаирчани сакаат да земат уште еден голем скалп откако го совладаа шампионот МЗТ Скопје, а потоа и ТФТ. Мечот во Битола се игра од 18:30 часот.


