Гостувањето во Битола за Чаир заврши со пораз на теренот, но и со тежок инцидент надвор од него.
Клубот вечерва преку социјалните мрежи објави дека по мечот против Пелистер бил каменуван автобусот со кој се превезувале играчите, но тоа се случило при заминувањето.
„Натпреварот во Битола го окаракетиризира големата тензија и притисокот од домашната публика што вклучуваше навреди, говор на омраза и фрлени предмети кон нашите кошаркари. Дури и по такви инциденти не беше одлучено да се испразнат трибините. На крајот, при заминувањето, нашиот автобус беше каменуван, чин што ние силно го осудуваме“, пишува во соопштението од Чаир.
Покрај ова, во последната четвртина од мечот дојде до неколкуминутен прекин затоа што член на стручниот штаб на Чаир беше погоден од несовесен гледач во салата „Боро Чурлевски“.


