Десеттото коло од Првата македонска кошаркарска лига почнува со два дуела во ран термин, од 14 часот. Едниот од нив се игра во малата сала на СРЦ Кале, а се среќаваат екипите на Вардар и Пелистер. „Црвено-црните“ се единствена екипа без победа во досегашниот дел од првенството, додека Пелистер во овој дуел гледа шанса за задржување на чекорот со врвот.


