Актуелниот вицешампион на Македонија, Пелистер ја оствари седмата победа во домашното првенство откако попладнево славеше на гостувањето кај Вардар со 90-59.
„Црвено-црните“ кои се единствени без триумф во Првата лига, некако парираа во првото полувреме, но во третата четвртина до израз дојде поголемиот квалитет во противничкиот тим. Тој трет период заврши во корист на битолскиот тим со 30-14, па во пресрет на последните десет минути беше 59-34 за актуелниот вицешампион.
Се беше решено по серијата од 10-0 на крајот од третата и почетокот на последната четвртина по која Пелистер отиде на +31 (75-64) и дефинитивно ги реши сите дилеми околу победникот.
Ташовски беше најдобар играч на Пелистер со 19 поени и 10 асистенции, а дабл дабл остварија уште Бојиќ (16 поени, 11 скока и Крстевски (12 поени, 10 скока). Најдобар играч на Вардар беше капитенот Бајрам со 17 поени.


