Откако минатата недела се врати на првото место на табелата, ТФТ ќе се обиде да остане таму и по десеттото коло од домашното првенство. Попладнево го пречекува Тиквеш во меч во кој е голем фаворит, но сепак треба да одигра максимално ангажирано. Кавадарчани сезонава уште немаат победа на гостински терен, па главен императив ќе им биде да ја прекинат лошата серија.


