По лошиот период кој е зад него, тимот на МЗТ Скопје попладнево има шанса да ги израдува навивачите и да се врати на победнички патеки. За десетина дена, аеродромци испаднаа од АБА 2, загубија од ТФТ и останаа без двајца странски кошаркари. Поради тоа во дуелот со Феникс им е неопходна победа со која ќе се вратат во ритам.


