Поранешниот вицешампион на Македонија, Кожув продолжи со одличните резултати во домашното првенство откако попладнево го совлада Шкупи со 81-68.
Тоа е четврта победа за гевгелискиот тим во последните пет кола со што Кожув најави дека е подготвен за битка за висок пласман по ланската очајна сезона во која се бореше за опстанок. Не смее да се заборави дека единствениот пораз во овие пет меча го доживеа од шампионот МЗТ Скопје во натпревар во кој долго време беше рамноправен, па и подобар противник и малку недостасуваше да направи изненадување.
Гостинот на денешниот меч одигра одлично второ полувреме во кое практично го скрши отпорот на Шкупи. Кожув нешто порано, во втората четвртина направи висока предност, на полувреме замина со 44-32, па во второто полувреме успеа да го сочува водството и да дојде до шестиот триумф во сезоната. Во натамошниот дел од натпреварот предноста на Кожув најчесто беше двоцифрена, а најмногу што успеа да се доближи Кожув беше осум разлика.
Пилепиќ постигна 26 поени за Кожув, а Хауард оствари дабл дабл со 13 поени и 15 скока. Кај Шкупи, Златевски постигна 14 поени.


