Екипата на ТФТ и по десеттото коло ќе остане лидер на табелата во Првата македонска кошаркарска лига откако вечерва на домашен терен го совлада Тиквеш со 90-86.
Тоа е деветта победа за тимот од Тафталиџе оваа сезона што е убедливо најдобар старт за тимот откако се натпреварува во елитната дивизија. Во најголемиот дел од мечот ТФТ го диктираше темпото и заслужено стигна до триумфот и покрај тоа што Тиквеш во финишот се закани дека може да направи пресврт.
Клучна беше серијата од 11-0 кон средината на втората четвртина по која поведе со 34-25 за на почетокот од третиот период ТФТ да ја достигне највисоката предност (53-41). Тиквеш нешто подоцна се доближи на само три поени негатива, во последниот квартал ТФТ повторно отиде на +12 (83-71), а драмата сепак се задржа до крајот бидејќи на 30 секунди пред крајот гостинскиот тим дојде на 85-87. Хотон со едно промашено слободно фрлање му надеж на противникот, но на идентичен начин врати Хил и со тоа ги уништи сите надежи на Тиквеш дека може да направи изненадување.
Гафни со 18 поени беше прв стрелец на ТФТ, а Зафиров оствари дабл дабл со 16 поени и 10 скока. Глигоријевиќ го предводеше тимот на Тиквеш со 22 поена.


