Десеттото коло од Првата македонска кошаркарска лига завршува вечерва со дуелот меѓу Чаир и МКК Куманово. Чаирчани ќе се обидат да ја задржат втората позиција, додека пред гостинскиот тим е императив да ја продолжи победничката серија по три триумфи во низа. Дуелот меѓу Чаир и МКК Куманово почнува во 19 часот.


