Екипата на Работнички денеска ја очекува исклучително тежок натпревар во домашното првенство бидејќи гостува кај Кожув кој е неприкосновен на домашен терен оваа сезона.
И комплетен, Работнички би имал тешка задача против гевгеличани кои направија квалитетен тим, но денеска Горан Самарџиев ќе нема на располагање двајца стандардни првотимци. Станува збор за Стојан Ѓуроски и Џексон Дубински кои нема да можат да настапат поради повреди. Ѓуроски подолг период се мачи со зглобот поради што и претходно пропушти неколку натпревари, а сличен проблем има и Дубински.
Ова значи дека Самарџиев денеска ќе може да смета на само деветмина кошаркари со кои ќе се обиде да триумфира во Гевгелија. Актуелното коло е последно од првиот дел на првенството и по него ќе се знаат четвртфиналните двојки за Купот на Македонија..


